И официјално

Чендлер ќе го прави Лејкерс посилен во рекетот (ВИДЕО)

Центарот Тајсон Чендлер расчисти со Феникс Санс, и потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, соопшти генералниот менаџер на „езерџиите" Роб Пелинка...

објавено: 7 ноември 2018 - 22:00

Како што наведува ЕСПН, договорот е вреден 2.109.867 долари, а 36.годишниот Чендлер ќе биде првата центарска замена, односно ќе влегува во игра на местото на Џавал Мек Ги.

Инаку, Чендлер ја игра 18. сезона во НБА лигата во која дојде директно од средното училиште. Во минатата сезона како играч на тимот од Аризона бележеше просек од 6.5 поени и 9.1 скока по натпревар.
Беше шампион на НБА лигата во 2011 гоина со екипата на Далас Маверикс, а една сезона подоцна прогласен за најдобар дефанзивец во НБА.
Во овој момент Лејкерс имаат скор од четири победи и шест порази. 

Најново во Кошарка