И ПАДОТ Е ЛЕТ...

Браќата Бол се откажаа од професионалната кариера

Се смируваат медиумиските приказни околу браќата Бал.

објавено: 9 ноември 2018 - 12:00

Едно време новинарите во Америка, пред се, „се тркаа" кој ќе објави повеќе вести за Лонзо, Лианџело и Ламело. А се поттикнато од нивниот татко Лавар.

Но изгледа дека и медиумите сфатија дека браќата не се толку сензационални колку што се пишуваше за нив, а изгледа дека и Лавар, колку и да се чини тоа невозможно, сфати дека е подобро да работи во тишина на развој на играта на своите синови и другите кошаркарски работи.

Затоа што очигледно е дека Лианџело и Ламело не се толку добри колку што нивниот татко сака да ги прикаже.
Двајцата веќе пробаа да играат професионално, минатата сезона во Литванија. И иако Лавар најави дека ќе продолжат со игрите во Европа, од тоа нема ништо.
Сосема спротивното, и двајцата се одлучија за чекор наназад.
Лианџело решил да заигра во развојната Г-лига. Иако сметаше да биде избран на драфтот, тоа не се случи, па почна да игра по летните лиги и кампови. Меѓутоа без особен успех, па сега одново пробува во таа лига на развој. Но е непознато дали некој клуб ќе го пријави Лианџело.
Најмладиот брат, Ламело се враќа во средното училиште, и нема да и се врати на профи-кошарката, барем не засега...

„Возбуден сум што ќе се вратам во школо и ќе му се приклучам на моето оделение во својата последна година од средношколската кариера. Играњето во странство беше сјајно искуство. Научив многу работи и го ценам тоа искуство. Но, сега едвај чекам да играм со своите врсници"- изјави Ламело.

Семејството Бол се одлучи на некој чекор поназад. Дали ќе им се исплати, останува допрва да видиме.
Впрочем позната е и онаа крилатица дека и „паѓањето е лет"...

Најново во Кошарка