МИЛВОКИ ГО РАСПАРЧИ ГОЛДЕН СТЕЈТ

Бакси удрија и по шампионот (ВИДЕО)

Во „Оракл Арената" гостите славеа со повеќе од убедливи (134:111), а блескаа Ерик Бледшо и Јанис Адетокупмо...

објавено: 9 ноември 2018 - 08:30

После егал резултатот во првата четвртина, гостите од Милвоки направија серија од (11:1) во втората кога дојдоа до првото посериозно водство. На полувремето беше плус 12 за нив.
Но, вистинската катастрофа за шампионот дојде во третиот период, кој вообичаено го играат најдобро, Но таа делница Вориос беа очајни и ја загубија со (28:41).
До крајот бранителот на титулата немаше никакви шанси, па го запиша вториот пораз во сезоната. Имаат десет победи, додека пак сличен е ефектот на Милвоки (9-2).

Ерик Бледшо беше најефикасниот кај победникот со 26.поени, до дека пак Адетокимпо имаше два помалку. Клеј Томпсон го заврши мечот со 24.поени, Кевин Дурент имаше 17, а Стеф Кари, скромни десет поени.

Силно од стартот на сезоната играат и кошаркарите на Портланд кои доста лесно ги победија ЛА Клиперс (116:105).
Во првиот дел од играта Блејзерс го контролираа резултатот, но не остварија некоја посериозна предност. И во третата четвртина испуштија двоцифрена разлика. Но таа грешка Портланд не ја повтори во последната.
Демиен Лилард и Си-Џеј МекКалум го предводеа тимот од Орегон до триумфот со 25 односно 23 поени, а како стартер Јусуф Нуркиќ уфрли 15.поени, а имаше и девет скока.
Данило Галинари и Лу Вилијамс на спротивната страна дадоа по 20.
Портланд има скор 9-3, а Клиперси 6-5.
Неверојатно враќање реализираа кошаркарите на Бостон Селтикс на гостувањето во Феникс. Беа „келтите" во негатива и од 22.поени, но во продолжението од пет минути славеа против Санс (116:109).
Првата четвртина беше и најдобро одиграната за Феникс во сезоната. Ја добија „сонцата" со високи (32:13). До полувремето изостана реакцијата од гостинските кошаркари па Санс водеа со 20. поени предност.
Џејлен Браун и Кајри Ирвинг ја смалија таа да биде нешто помала во третиот период. На влезот на последната четвртина разликата стана и едноцифрена.

 

Во финишот Ирвинг погоди тројка за -3 (95:98), потоа Браун уфрли две слободни фрлања, истото го реализира и Ти-Џеј Ворен на спротивната страна. Но на седум секунди пред крајот, Маркус Морис погоди тројка, и го израмни резултатот, по што се играше продолжение од пет минути.
Феникс се држеше до резултат (109:109) кога Браун погоди тројка за Бостон, па ново враќање за Санс немаше.
Кајри го заврши овој драматичен дуел со 39.реализации, Браун и Морис имаа по 17. Кај Феникс Девин Букер имаше 38.поени, а Ти-Џеј Ворен уште 29.
Оклахома, предводена од Германецот Денис Шроедер и Пол Џорџ славеше победа, и тоа убедлива против Хјустон Рокетс (98:80).
Тандер водеа двоцифрено уште по првата четвртина. Прендост која Рокетс некако ја стигнаа на почетокот на втората. Но до одморот Оклахома „побегна" уште еднаш, сега на убедливи (59:45).


Во продолжението сите обиди на "ракетите" да се вратат назад во мечот беа неуспешни, Тандер имаа „вишок" и од 20.поени имирно го однесоа мечот кон триумф, за нив седмиот, во 11 мечеви од почетокот на сезоната. Хјустон пак има само четири победи и шест порази.
Пол Џорџ беше замена за лидерот Расел Вестбрук (повреда на скочниот зголб), уфрли 20.поени. Стивен Адамс имаше 19, а Шроедер – 14. Кај Хјустон, Џејмс Харден беше најефикасниот играч со 19. Поени (7/19 ут од играт-, додека Клинт Капела дополни со 17.

РЕЗУЛТАТИ
Оклахома – Хјустон 98:80
Феникс – Бостон 109:116
Портланд – ЛА Клиперс 116:105
Г. Стејт – Милвоки 111:134

Најново во Кошарка