МИЛВОКИ ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО ТОРОНТО

Бакси се главни на Истокот (ВИДЕО)

„Елените" го наттрчаа составот од Канада, и на гостински терен славеа со (104:99) во мечот на двете најдобри екипи во овој момент во Источната конференција.

објавено: 10 декември 2018 - 08:30

Екипата од Милвоки имаше 11 поени предност (85:74), при влегувањето во последниот период. Меѓутоа, завршницата беше доста неизвесна. На 2:09 минути пред крајот, со тројката на Каваи Ленард , Репторс поведоа (97:94).

 Но следуваа две тројки од Малком Брогдон, а на 12.6 секунди пред крајот, Адетокумпо заби за (102:99). Точка на победата, со две слободни фрлања, стави Ерсан Илјасова.

Најефикасни играчи кај победникот беа Лопез и Адетокумпо со по 19 реализации, а Гркот имаше и исто толку скокови.
Кај Торонто, Серж Ибака запиша 22.поени, додека Каваи Ленард уфрли два помалку.
Торонто е прв на табелата на Истокот со ефект (21-7), го следи Милвоки со (17-8).
Џезот стивна во Тексас, Сан Антонио ја совлада Јута со (110:97).
Јута држеше резултатски приклучок се до средината на втората четвртина во која Спарс поведоа со плус 18 (54:36). Така избраниците на Грег Попович продолжија, до крајот противникот не дојде до негатива помала од пет поени.
Демар Дерозен со 26.поени, осум скока и шест асистенции беше најдобриот нивни поединец. Руди Геј имаше дабл-дабл од 23.поени и 15. Скока.
Кај тимот од Солт Лејк Сити, Донован Мичел застана на 27.поени, а Рики Рубио имаше еден помалку. Интересно сега и двете екипи имаат идентичен скор, 13.победи и 14.порази и се во долниот дел на табелата на Западот.
Нешот погоре се Њу Орлеанс Пеликанс кои извадија важна победа на гостувањето кај Детроит (116:108), и покрај „отсуството" на нивниот најдобар играч, Ентони Дејвис.
Иако малку недостасуваше да го потрошат големото водство од 16.поени (78:62), го имаа пред крајот на третиот период.
Звучи неверојатно што Дејвис заврши со само пет поени за 25.минути игра, но оправдувањето е повредата на колкот добиена уште во првата четвртина.
Затоа експлодираше двоецот Џру Холидеј-Џулиус Рендл. Искомбинираа дури 65.поени, и во целост ја пополнија дупката со „неиграњето" на Дејвис. Секако со помош и од Фрејзер (14) и Миротиќ (12.поени).
Блејк Грифин беше најефикасниот играч на Детроит со 35.поени (12/24 од игра), Ленгстон Геловеј имаше 24, а Андре Драмонд 23, заедно со 18 скока.
Шарлот го освои „Медисон Сквер Гарден", и му го нанесе четвртиот по ред пораз на Њујорк (119:107). Во неколку наврати од третиот период, „стршените" имаа и плус од 28.поени (77:489 и 80:52). Разлика која Никси никако не успеаа да ја стигнат.
Кемба Вокер ги „поздрави" со 25.поени, и по шест скока и додавања, Џереми Лемб имапе 19, а легендарниот Французин, Тони Паркер 16.
Новакот кај Никс, Квин Нокс направи дабл-дабл од 26.поени и 15. скока, Хардавеј-јуниор го следеше со 21, а Нтиликина со 18.поени.
На табелата на Истокот Шарлот има половичен скор (13-13), за седмо место, додека Никси се на 12. позиција, со скромни (8-20).
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Њу Орлеанс 108:116
Торонто – Милвоки99:104
Сан Антонио – Јута 110:97
Њујорк – Шарлот 107:119

Најново во Кошарка