ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ТАНДЕР

Аларм во Оклахома - се повреди Рас! (ВИДЕО)

Оклахома на свој терен со (122:116) го совлада Њу Орлеанс Пеликанс во меч во кој го одбележи повредата на најдобриот играч на Тандер, Расел Вестбрук.

објавено: 6 ноември 2018 - 08:25

Оклахома на свој терен со (122:116) го совлада Њу Орлеанс Пеликанс во меч во кој го одбележи повредата на најдобриот играч на Тандер, Расел Вестбрук.
Иако во третиот период останаа без својот Ол-стар играч, домашнит еиграчи успеаја во тој дел од играта да ја остварат клучната предност.
Пол Џорџ ја предводеше Оклахома со 23.поени, еден помалку имаше Шроедер, а 11 од нив Германецот даде во последната четвртина.
Џулиус Рендл со 26 поени, и Џру Холидеј со 22.поени и 14.асистенции беа најдобрите кај Пеликанс. Ентони Дејвис уфрли 20 поени дополнети со осум скока.
Во текот на третиот период, Вестбрук го повред скочниот згол на левата нога. Пир едне доскок под кошот, доскокна директно на ногата на Ентони Дејвис, ја свитка ногата и со болки го напушти  теренот по што веќе не се врати назад во игра.
До повредата, за 25.минути на паркетот постигна 17.поени, плус и девет асистенции и седум скока,

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Мајами 115:120, Индијана – Хјустон 94:98, Орландо – Кливленд 102:100, Њујорк – Чикаго 115:116, Оклахома – Њу Орлеанс 122:116, Денвер – Бостон 115:107, Јута – Торонто 111:124, Голден Стејт – Мемфис 117:101, ЛА Клиперс – Минесота 120:109;

  

Најново во Кошарка