ОКЛАХОМА Е ВТОРА НА ЗАПАДОТ,НИШТО БЕЗ ЛЕБРОН ЗА ТИМОТ ОД ЛА

68 поени за Рас и Пол, шок за Лејкерс (ВИДЕО)

Оклахома како гост го победи Портланд, (111:109), а Њујорк изненади во Лос Анџелес (119:112)...

објавено: 5 јануари 2019 - 08:30

Тандер во Орегон стигнаа до 4. по ред триумф, и сега со ефект (25-13) се втори во Западната конференција, зад Денвер, а пред актуелниот шампионо, Голдне Стејт.
На нешто повеќе од четири минути пред крајот, Оклахома водеше со (107:97), Но со серија од (10-2), Портланд дојде до (109:107). Но надежите на Блејзерс за комплетен пресврт урна Пол Џорџ со двете слободни фрлања на 4.3 секунди пред крајот.

Џорџ ја заврши средбата со 37.поени, додека Расел Вестбрук даде 31, заедно со девет скока и седум асистенции. По десет дадоа Ноел и Шрудер.
На другата страна, Лилард уфрли 23, а одличен беше Јусуф Нуркиќ со 22. поени, осум скока и три додавања.
Во „Стејплс Центарот" Лејкерс во запиша четвртиот пораз во последните пет натпревари. Уште во првата четвртина Никси има вишок од 17.поени. Но во последниот дел. Лејкерси беа тие кои имаа плус 6.

 Одлучувачката серија дојде во последните четири минути кога Њујорк се одвои со серијата од (11-3). Доволно за прв триумф после осум по ред порази.

Тим Хардавеј-Јуниор постигна 22.поени, Енес Кантер силен дабл-дабл од 16.поени и 15. скока, исто колку и Треј Бурк.
Кај домаќините кои играа без Џејмс, Рондо и Кузма, предначеше Брендон Инграм со 21.поен.
Кошаркарите на Далас се поразени во ТД Гарден од Бостонс со убедливи (93:114), но публиката во Бостонс во финишот на средбата по секоја цена сакаше легендарниот Дирк Новицки да се запише во листата на стрелците. Се со една цел, германскиот ветеран да го престигне Коби Брајант на листата на играчи кои му дале најмногу поени на тимот од Масачусетс на негов терен (427).

 

„Беше супер слатко, супер емотивно. Слатко е кога противничките навивачите те ценат за се она пто сте направиле во изминатите две децении, Ги почитувам навивачите на Бостон, и навистина сум разочаран што не им ја исполнив желбата. Никогаш нема да ја заборавам нивната фреакција" – истакна Новицки кој веројатно за последен пат истрча на паркетот во ТД Гарден.

Помина 16.минути на теренот, но не можеше нитпо да погоди!?И имаше неверојатни десет нереализирани обиди од поле (0/8 за тир и 0/2 за два поени).

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Јута 91:117, Бостон – Далас 114:93, Чикаго – Индијана 116:119, Мемфис – Бруклин 100:109, Мајами – Вашингтон 115:109, Минесота – Орландо 120:103, Милвоки – Атланта 144:112, Феникс – ЛА Клиперс 111:121, ЛА Лејкерс- Њујорк 112:119, Портланд – Оклахома 109:111, Денвер – Шарлот (23.00ч);

Најново во Кошарка