ГЕВГЕЛИЧАНИ ДЕБИТИРАА ВО 2012 ГОДИНА

Кожув се враќа, Шкупи ќе дебитира во БИБЛ лигата

КК Кожув официјално се враќа во Балканската лига, после една година пауза гевгелискиот клуб уште еднаш ќе биде дел од натпреварувањето.

објавено: 17 јули 2018 - 22:24

Екипата го имаше дебито во 2012. година и играше пет сезони по ред. Најдобриот резултат го имаше во сезоната 2015/2016 кога стигна до полуфиналето каде што загуби од Морнар.

Покрај Кожув, уште еден состав ќе игра во БИБЛ, станува збор за КК Шкупи кој ќе го има своето деби. Лани заврши на 10. позиција, но сега ќе има поголеми амбиции во наредната сезона.

Своите натпревари ги игра своите натпревари во спортската сала „Шабан Трстена". Се очекува менаџментот на Балканската лига наскоро да отпатува во Македонија за да ги запознае претставниците на Шкупи за кои ова ќе биде првото меѓународно искуство.

Освен двата македонски тима, претходно БИБЛ потврди дека во новата сезона Бугарија ќе ја претставуваат Академик Бултекс 99 и Берое.

Најново во Кошарка