УБЕДЛИВ СТАРТ НА ОЛДЕНБУРГ ВО БУНДЕСЛИГАТА

Војдан и ЕВЕ тргнаа со „стотка"

Во поентерски стил ја отворија новата сезона во Бундеслигата кошаркарите на ЕВЕ баскет Олденбург. Славеа убедливо со (100:64), на гостувањето во Брауншвајд.

објавено: 30 септември 2018 - 12:40

Прво па „стотка"...

Во тој стил ја отворија новата сезона во Бундеслигата кошаркарите на ЕВЕ баскет Олденбург. Славеа убедливо со (100:64), на гостувањето во Брауншвајд.
И што е поважно, со одлична игра на Војдан Стојановски.
Во својот прв бундеслигашки меч како играч на ЕВЕ, Стојановски беше стартер. И притоа реализираше 14. поени (2/4 за три, 4/5 за два поени). Имаше и по три скока и исто толку асистенции, освои две, загуби една топка, и еднаш блокираше.
Сето тоа за 24.минути поминати на теренот.
Сосема добро, за почеток на една нова сезона...

 

Најново во Кошарка