НАТУРАЛИЗИРАНИОТ МАКЕДОНЕЦ СЕ СЕЛИ ВО ЕКС КЛУБОТ НА ВОЈДАН

Витингтон ќе потпише за Морабанк Андора

Американецот почнува да го користи тоа што доби македонски пасош

објавено: 25 јули 2018 - 18:15

Македонскиот репрезентативец, Шејн Витингтон, е блиску до потпис со шпанскиот прволигаш Морабанк Андора. Според шпанските медиуми, трансферот на натурализираниот Македонец во редовите на „триколорите" од малата пиринејска земја е готова работа и се чека само потпис и официјализација.
Витингтон кој игра на позицијата крилен центар, веќе има настапувано во шпанската лига, па ова му е враќање таму, по пауза од една сезона. Пред две сезони, Шејн играше за Обрадоиро, минатата сезона беше член на руски Зенит, а сега ќе го носи дресот на Морабанк, клуб чиј играч во 2015/2016 беше Војдан Стојановски, неговиот сегашен репрезентативен колега.

Витингтон нема да зафаќа место на странец, бидејќи со пасошот од европска земја, тој се здобива со предност и македонското државјанство му е олеснителна околност при наоѓањето клуб. Витингтон, кој одигра еден официјален меч (неодамнешното гостување кај Швајцарија) за македонската репрезентација, не се прослави во црвено-жолтиот дрес.

Најново во Кошарка