16.КОЛО ОД ШПАНСКАТА ЕНДЕСА ЛИГА

Уникаха пресилна за Шејн и Естудијантес

Славеше тимот од Малага со (82:76) против оној новиот на македонскиот репрезентативец...

објавено: 12 јануари 2019 - 20:35

Кошаркаерите на Естудијнтес не направија уште едно големо изненадување во шпанската Ендеса лига.

Популарните „поштари" од Мадрид беа на гостување во Малага, каде на крајот, по голема борба, загубија од фаворизираната Уникаха (76:82).
А Шејн Витингтон, беше едне од неколкуте „двоцифрени" играчи во гостинската екипа, и единствениот со дабл-дабл ефект.
Репрезентативецот на Македонија од САД, постигна десет поени (2/4 за три, 1/5 за два и 2/4 за еден поен), а имаше и десет скока (четири офанзивни) за 30:47 минути поминати на теренот во „Мартин Карпена" Арената во Малага.

Најново во Кошарка