АМЕРИКАНЕЦОТ СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ ПОТПИША ЗА МАГНОЛИЈА

Миленикот на Раца летово ќе игра на Филипините

За екс македонскиот репрезентативец, ова е враќање во азиската земја после три години

објавено: 22 јули 2018 - 13:34

Ромео Тревис откако како член на Ле Ман, го освои признанието најкорисен играч во финалето на плејофот во францускиот шампионат, потпиша договор со филипинскиот тим Магнолија хотшотс. Ова 33-годишно силно крило има и македонски пасош, а во 2016 година под водство на селекторот Драган Раца, одигра неколку меча за Македонија од квалификациите за Евробаскетот 2017, но не се прослави, плус тоа и резултатите не беа поволни, па тој веќе не заигра во дресот на нашиот национален тим.

Трансферот на Тревис во клуб од Филипините не значи дека тој се откажува од настапи во Европа, туку ова му е повеќе краткотраен летен ангажман. Наесен кога ќе почне клупската сезона на Стариот континент, тој најверојатно ќе се врати, можеби повторно во Ле Ман.

Искусниот Тревис, кој во Европа најмногу е познат по тоа што е близок пријател на Леброн Џејмс, има играно во многу различни земји, па и на Филипините. Пред три лета, Тревис во еден краток период играше за Аљаска ејсис.

Најново во Кошарка