ИАКО ИГРА ПРОТИВ ПОСТАРИ КОШАРКАРИ

Марија Димитријевиќ го однесе Промете на завршниот турнир во Шпанија

По една нецела една сезона во дресот на Депортиво Промете, една од најталентираните македонски кошаркарки, Марија Димитријевиќ стана лидер во шпанскиот тим. 

објавено: 22 април 2018 - 10:30

По една нецела една сезона во дресот на Промете, една од најталентираните македонски кошаркарки, Марија Димитријевиќ стана лидер во шпанскиот тим. Иако кадетската репрезентативка игра против кошаркарки три години постари од неа, сепак ја имаше главната улога на турнирот ја јуниорки.

Токму одличната партија на Димитријевиќ беше најзаслужна за триумфот на Промете во финалето против фаворитот Риверде (64:59) од кого оваа сезона двапати загуби, како и за пласманот на завршниот турнир во Шпанија. Марија во игра мина 40. минута за кои постигна 14 поени, 8 скока и две асистенции. 

Одличната игра на Димитријевиќ дава надеж на македонската женска кошарка на репрезентативен план дека има иднина и талентирани кошаркарки.

Најново во Кошарка