ДОЈДЕ ДО ТОА ШТО МУ НЕДОСТАСУВАШЕ

КОНЕЧНО: Перо Антиќ освои шампионска титула со Црвена Ѕвезда!

Само три натпревари траеше финалната серија на плеј-офот во Србија. По „заслуга" на Црвенз Ѕвeзда која и по трет пат беше подобра во дуелите со ФМП (97:88). За четвртта во серија, и 19.титула во историјата на клубот од „Малиот Калемегдан“...

објавено: 11 јуни 2018 - 20:58

Перо Антиќ дојде до она по што се врати во Белград. Ја освои шампионската титула во првенството на Србија како играч на Црвена Ѕвезда, и 19. вкупно за трофејниот белградски клуб во неговата историја.

Долги години се обидуваше нашиот најдобар играч да дојде до еден ваков успех. На крајот, го реализираше тоа. Белградските „црвено-бели" и по трет пат во рок од една семица беа подобри од „пантерите" од Железник. Славеа со (97:88) и со максимални (3-0) ја затворија финалната серија на плеј-офот.

Во можеби и последниот меч како играч на Црвена Ѕвезда и воопшто во неговата кариера, Перо Антиќ за 11:42 минути, реализираше три поени (1/3 за три и 0/2 за два поени), а имаше и исто толку скокови, и по една освоена, односно загубена топка.

Најново во Кошарка