УШТЕ ЕДНО КОЛО ОД ШПАНСКАТА ЕНДЕСА ЛИГА

Каталонското дерби за Хувентуд, четири поени на Димитријевиќ

Во неизвесна завршница, тимот од Бадалона победи на гостувањето кај Манреса (67:66). За нецели десет минути, Ненад Димитријевиќ реализираше четири поени, четири скока и две асистенции...

објавено: 7 октомври 2018 - 20:10

Не успеаја на домашен терен против Андора, но затоа им појде од рака да победат на гости. И тоа во Манреса. Во дербито на Каталонија, Хувентуд беше за еден поен подобар од Манреса, (67:66), за прв триумф на тимот од Бадалона во новата сезона од Ендеса Лигата.

Ненад Димитријевиќ одигра скоро десет минути за победничката екипа. И притоа 20.годишниот бек реализираше четири поени (2/3 за два поени), имаше и исто толку скокови, плус и две асистенции за тоа време поминато на теренот.

Најново во Кошарка