Нашиот репрезентативец со нова победа во Германија

7 поени за Војдан и нова победа за Олденбург

Тимот на нашиот репрезентативец е на второто место во германското првенство, веднаш зад Баерн (М).

објавено: 10 февруари 2019 - 20:24

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски постигна 7 поени во победата на својот тим Олденбург на гостувањето кај Бремерхафен со 88:83. Нашиот кошаркар помина близу 17 минути на паркетот во Бремерхафен со 100% реализација за 2 поени (2/2), а постигна и една тројка (1/3). 

Екипата на Олденбург ја прокнижи 15-тата победа оваа сезона и останува на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Баерн (М). 

Најново во Кошарка