СО ЦЕЛ ЗАЕДНО СО НАВИВАЧИТЕ ВРАЌАЊЕ НА ШАМПИОНСКИТЕ ТИТУЛИ

И „Цедевита“ стана дел од спонзорскиот тим на МЗТ Скопје

Управата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува да го засилува спонзорскиот тим со чија помош ќе брка две титули на домашен терен и успешен настап во регионалната лига, откако се официјализираа сите детали околу потпишувањето соработка со „Цедевита", еден од најпознатите брендови на просторот на поранешна СФР Југославија.

објавено: 22 септември 2018 - 23:00

Договорот всушност е со сопственикот на овој бренд, хрватската „Атлантик Група" и тоа преку претставништвото во Скопје, кое со години наназад бележи одлични успеси на нашиот пазар.

Претходно, МЗТ Скопје Аеродром ја официјализира соработката со уште две големи компании како „Џевахир Холдинг" и „УНИ Банка", а наскоро ќе бидат промовирани уште неколку нови и стари пријатели на клубот без чија помош не би можел клубот да се надева на успешна сезона во која ќе проба да ги израдува навивачите со враќање на титулата во „Јане Сандански".

„Истовремено, се надеваме дека заедничката успешна приказна, како со „Цедевита" така и со останатите спонзори, ќе биде мотив повеќе и за останатите општествено-одговорни компании кај нас да станат дел од нашиот победнички тим и да ни помогнат достојно да ја претставуваме Македонија како на просторот на поранешна СФР Југославија така и на европска сцена", информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Најново во Кошарка