ПОТПИША ЗА ЕДНИТЕ, ДРУГИТЕ ПЛАТИЈА ОТШТЕТА...

Вилбекин ги „скара" Макаби и Ефес

Комплетен трансфер-циркус се случува деновиве околу најдобриот играч во Еврокупот за минатата сезона...

објавено: 8 јули 2018 - 21:30

Секој преоден рок си има своја трансфер-сапуница, а се чини дека во текот на ова лето во центарот на вниманието е најдобриот играч на Дарушафака и на Еврокупот – Скоти Вилбекин.
Голема прашина се подигна овие денови поради најкорисниот играч во второто, според квалитетот. натпреварување во Европа. Пред се затоа што два големи клуба најсериозно сакаа(т), а сега е големо прашање кој од нив на крајот и ќе го добие одличниот американски бек.

Имено, раководството на Макаби од Тел Авив се договорил со неговиот клуб за исплата на отштетата од еден милион евра.
Меѓутоа Анадолу Ефес пак веќе ги договорил сите лични услови со Вилбекин за соработка која би требало да трае две години и да вреди три милиони долари.
Но, сега е проблем што Ефес не сака да ја исплати бараната отштета на Дарушафака, потврди што и дојде до една „мат-ситуација" на пазарот.
Во овој момент сосема непознато е каде ќе замине новиот турски репрезентативец. Реално, Макаби е во предност затоа што го плаќа она што го бара Дарушафака, но Вилбекин сака да остане во Истанбул и да заигра за популарните „пивари".

Најново во Кошарка