ЗА УШТЕ ПОСИЛЕН РОСТЕР ВО ФИБА-КВАЛИФИКАЦИИТЕ

ТУРКОГЛУ НАЈАВУВА: Вилбекин наскоро ќе стане Турчин

Претседателот на турската федерација и некогашен НБА играч, Хидајет Туркоглу за локалните медиуми во Турција вечи дека е пред крај реализацијата на договорот со Американецот кој настапува во Дарушафака.

објавено: 11 јуни 2018 - 11:30

Скоти Вилбекин беше прогласен за најкорисен играч на Еврокупот во сезоната која е зад нас, а многумина „веќе го видоа" и како ново засилување за турскиот национален тим.

Според Хидајет Туркоглу, процесот на добивање на државјанство наскоро ќе биде завршен, по што одличниот американски бек наскоро ќе може да заигра за својата нова татковина, и тоа уште во првиот ФИБА „прозорец" во текот на ова лето.

„Вилбекин ја одигра сезоната на едно неверојатно ниво. Али Мухамед е играч кој исто така многу го почитувам. Наскоро ќе заврши процесот за добивање на државјанство на Вилбекин, по што ќе имаме двајца натурализирани играчи. Тоа значи дека сме превземале битни мерки за заштита во случај на повреди"- потенцираше „Хидо".

Пред одличните настапи за „Дачка", Вилбекин играше за Универзитетот Флорида, потоа и за малку познатиот Кернс од Австралија, и атински АЕК од каде дојде во мала Азија.

 

Најново во Кошарка