Две супер-интересни средби во 7. коло

Слукас ги реши своите, Џикиќ со прва победа во Евролигата (ВИДЕО)

Фенер го доби дербито во Атина, Џикиќ со Будуќност до дебитантска победа во седмиот настап.

објавено: 15 ноември 2018 - 22:05

Во дербито на 7. коло од Евролигата, во вистинска драма вечерва кошаркарите на Фенербахче остварија победа на гостувањето во Атина кај Олимпијакос од 73-72. Херој на гостите беше грчкиот интернационаленц Костас Слукас, кој средбата ја заврши како прв поентер на Фенер со 20 реализирани поени.

Олимпијакос иако имаше напад за победа на 7 секунди до крајот, не успеа да реализира и гостите се израдуваа на шестиот триумф сезонава кој ги остава рамо до рамо со ЦСКА и Реал на првите три позиции на табелата.

Екипата на Будуќност успеа во седмиот обид да дојде до својата прва евролигашка победа. Вечерва пред своја публика, тимот од Подгорица славеше над Басконија со 99-84 и со тоа конечно ја прекина црната серија од стартот на својот дебитантски настап во најквалитетното кошаркарско друштво на Стариот континент. 

Ова беше и прва евролигаша победа за некогашниот селектор на Македонија, Џикиќ, кој е на кормилото на Црногорците. Интересно е што Будуќност на оваа средба беше неверојатна за три поени. Подгоричани средбата ја завршија со неверојатни 21 реализирана тројка, што е рекорд во Евролигата.

Најново во Кошарка