„ЗАКОПАНИ СЕ ВОЈНИТЕ СЕКИРИ“

ПУ, ПУ – НЕ ВАЖИ: ПАО се „смири" со Евролига

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос истакна дека кавгите треба да се остават во минатото, и да се насочат кон успешна соработка...

објавено: 16 август 2018 - 11:00

Контроверзниот бизнисмен долго време беше во војна со Евролигата и првиот човек Жорди Бертомеу. Доста често не бираше зборови за елитното кошаркарско натпревар.

Дури во еден момент се закануваше ПАО да истапи од Евролиата и да се префрли во ФИБА Лигата на Шампионите.

„Во текот на изминатите сезони чувствувавме дека Панатинаикос не е третиран како што заслужува на теренот, но и надвор од него. Верувавме дека тоа мора да престане. Тоа предизвика реакции од наша страна, кои никогаш не ја покажуваат љубовта и преданоста која ја имаме спрема кошарката. Му се извинуваме тоа на секој што е инволвиран, и се почувствувал навреден. Панатинаикос и Евролигата ќе продолжат да работат заедно затоа што тоа е најдоброто за кошарката и сите луѓе во неа"- истакна Јанакопулос.

Грчкиот великан шест пати ја освојуваше Евролигата, послендито пат во 2011 година.
Во ланската сезона „зелено-белите" завршија во плеј-офот, со пораз од подоцнежниот шампион Реал Мадрид (3-1 во серијата).

Најново во Кошарка