РЕШЕНИЕ И ВО ГРЧКИОТ ПЛЕЈ-ОФОТ

ПАО преку пирејците, до својaта 36. шампионска титула

Кошаркарите на Панатинаикос ја освоија својата 36. титула во шампионатот на Грција, откако во петтиот и решавачки дуел од финалната серија на плеј-офот, го совладаа својот голем ривал Олимпијакос, со сигурни (84:70).

објавено: 17 јуни 2018 - 20:50

Кошаркарите на Панатинаикос ја освоија својата 36. титула во шампионатот на Грција, откако во петтиот и решавачки дуел од финалната серија на плеј-офот, го совладаа својот голем ривал Олимпијакос, со сигурни (84:70).
До новата шампионска титула, ПАО дојде со многу подобра игра во второто полувреме, откако на големиот одмор имаше негатива од четири поени.

Во продолжението, домашниот тим во ОАКА Арената беше многу подобар, па за време на последната четвртина се стекна и со двоцифрена предност која гостите од Пиреја не успеаја да ја стигнат.
Со 18 поени, Мајк Џејмс беше најефикасниот играч на Панатинаикос, Никос Папас уфрли 14, Мет Лоџески 12, а Џејмс Гист уште 11, додека Крис Синглтон на девет поени додаде и неверојатни 17.скокови.
Во тимот на Олимпијакос Џамел Меклин даде 16.поени, по 13 уфрлија Принтезис и Робертс, а Василис Спанулис 11.

 

Најново во Кошарка