Грчкото дерби обоено во зелено

ПАО го доби градското дерби со Олимпијакос

објавено: 9 ноември 2018 - 22:41

Кошаркарите на Панатинаикос остварија победа од 93-80 во вечерашниот дерби дуел со Олимпијакос од 6. коло во Евролигата. ПАО не ја испушти можноста да слави пред своите фанови во дуелот со најлутиотграски ривал. Ова беше четврта победа за „зелените“ во новата евро-сезона, додека Олимпијакос го претрпе третиот пораз.

Во фокусот на мечот остана извонредната партија на Лекавичиус кој средбата ја заврши со 17 реализирани поени. Кај поразените Принтезис блескаше со 26 коша, но далеку од доволни за победа во арената на ПАО.

Во дуелот меѓу екипите на Химки и Барселона со кој стартуваше денешната програма од 6. коло, славеа каталонците. Барселона ја однесе победата од Русија славејќи со 87-80, нанесувајќи му го петтиот пораз на рускиот состав. Очекуван триумф и за кошаркарите на Жалгирис кои на крилата на Брендон Дејвис дојдоа до 72-60 за победа на гостувањето во Подгорица.

Во последниот дуел во многу интересна завршница, Фенербахче ја обезбеди петтата победа во Евролигата откако тесно со 74-72 на гости ја совлада Басконија. Одличен беше Датоме со 16 поени.

Најново во Кошарка