НЕМА ДА ИМА МНОГУ ПРОМЕНИ ВО ШАМПИОНСКИОТ РОСТЕР

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ „КРАЛЕВИТЕ" ДОГОДИНА: Замената за Лука е најдена одамна?

Системот кој дава резултат не треба да се менува!

објавено: 23 мај 2018 - 18:50

Системот кој дава резултат не треба да се менува!

Јасна им е оваа крилатица и на менаџерскиот тим на Реал Мадрид, клубот кој пред неколку дена ја освои десеттата шампионска титула.

Затоа ова лето за „кралевите" би ребало да бид еи помалку здодевно кога се во прашање трансферите, затоа што ќе се случат само неколку промени во тимот кој успешно го предводи Пабло Ласо.
Единствената голема промена е поврзана со заминувањето на најдобриот поединец во оваа сезона – Лука Дончиќ.
Младиот Словенец кој ги собра скоро сите индивидуални награди во текот на сезоната во Евролигата, а пред тоа го освои и ЕП со Словенија, сигурно ќе го напушти Мадрид и ќе замине во некоја екипа од НБА лигата.
И интересно, на местото на еден, во тимот ќе влета уште еден Словенец – Клемен Препелич.

Што се однесува до другиот дел од тимот, ова лето им истекнува договорот на четворица првотимци: Факундо Кампацо, Чес Рендл, Треј Томпкинс и Руди Фернандез.
И секој од нив има посебна дестинација.
Сепак се верува дека Кампацо и Томпкинс сигурно ќе бидат и догодина дел од тимот, но не и Рендл, кој беше далеку од добар во овој состав.
Најкомплицирана е ситуацијата со Фернандез, кој наводно е подготвен да потпише нов, двегодишен договор, и тоа со видно намалени примања во однос на досегашните.
Би имал бруто плата од два милиони евра (наместо досегашните три), но сака бонусите да останат непроменети.
После шест години во тимот, но и фактот дека влезе во некои позрели играчки години, јасно е зошто е тоа така.
Сите други, барем сега, се сигурни...

РЕАЛ МАДРИД 2018/19

Серхио Љуљ (договор до јуни 2021), Факундо Кампацо (јуни 2018.) - ќе го продолжи договорот, Лука Дончиќ – заминува во НБА, Чесон Рендл (јуни 2018) - заминува, Џејси Керол (јуни 2019), Фабиен Козер (јуни 2019), Руди Фернандез (јуни 2018) - преговорите се во тек, Џефри Тејлор (јуни 2019), Санти Јуста (јуни 2020), Дино Радончиќ (јуни 2019.) - опција за уште две години, Треј Томпкинс (јуни 2018) - опција на уште една година, Фелипе Рејес (јуни 2019), Ентони Рендолф (јуни 2020) - излезна клаузула за НБА, Густаво Ајон (јуни 2019), Огњен Кузмиќ (јуни 2019), Валтер Таварес (јуни 2020)

Најново во Кошарка