ЕВРОЛИГА - 19. КОЛО

Израелците ја запреа „забрефтаната“ Барселона

Заврши победничката серија на Барселона. Макаби ТА фантастичен пред своја публика.

објавено: 17 јануари 2019 - 22:12

Серијата од 9 последователни победи во сите натпреварувања, од кои дури 5 во последните 5 средби од Евролигата, за екипата на Барселона, запре на гостувањето во Израел. Каталонците одиграа слаб меч против одлично расположените кошаркари на Макаби ТА и загубија убедливо со 99:83.

Домашните одиграа тимски и дури пет кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Блек постигна 16 и беше најефикасен кај домашните.

Претходно, ЦСКА успеа со неверојатна последна четвртина да се извади од кашата во која се најде по првите три четвртини на дуелот со Баерн. Германците беа одлично во првиот дел од мечот, но ЦСКА најде сили и успеа да се врати за победа. Одличен беше Клејбрн кој средбата ја заврши со 20 поени.

Олимпијакос, пак, без посебни проблеми го совлада Химки. Грците пред своја публика славеа со 71:57 и со тоа ја прославија 12-тата победа оваа сезона. Везенков и Папаниколау со по 14 поени беа најефикасни кај домашните.

Најново во Кошарка