ДАЛИ ЗАВРШИ ЕДНОГОДИШНИОТ „ПОСТ" ЗА ЦРНОГОРСКИОТ СТРУЧЊАК

Ивановиќ го менува Сариџа во Бешикташ?

Некогашниот предводник на рускиот Химки, би можел да го превземе кормилото на истанбулските „црно-бели" кое остана празно по заминувањето на Уфук Сариџа на прбвата селекторска позиција на Турција.

објавено: 20 август 2018 - 13:15

Сега веќе и официјално Уфук Сариџа ќе ја напушти клупата на Бешикташ за да им се посвети максимално на обврските кои со себе ги носи водењето на националниот тим на Турција.
А како едно од најизгледните решенија за местото на прв тренер, турските медиуми го наведуваат името на Душко Ивановиќ, кој минатата сезона беше без тренерски ангажман, а сезоната 2016/2017 ја заврши со рускиот евролигаш, Химки, кад ему асистираше нашиот тренер Тане Спасев.

Како што наведува порталот„Баскетбал.ком", се очекува брза официјализација на договорот.
Сепак, доколку и не дојде до такво нешто, наводно Бешикташ имал и резервна опција според која на клупата би седнал Озан Булказ.
Во досегашната тренерска кариера, 60. годишниот црногорски стручњак ги предводеше Басконија, Барселона, Панатинаикос, Химки.
Исто така во периодот од 2014 до 2016 година беше и селектор на Босна и Херцеговина.

Најново во Кошарка