ДЕНЕСКА ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ВО РАМКИТЕ ОД ТРЕТОТО КОЛО

Евролига: Вилбекин го „уништи“ Будуќност, ЦСКА тешко против Дарушафака (ВИДЕО)

Едвај московска ЦСКА ја совлада одличната Дарушафака со резултат 8075, видливо уморна после победата во Тел Авив од пред два дена.

објавено: 18 октомври 2018 - 22:49

Турскиот претставник водеше после првото полувреме со дури седум коша разлика, но пресуди лошата трета четвртина која што Русите ја добија со 26:10.

Кори Хигинс со 14 поени од кои поголемиот дел ги постигна во второто полувреме беше најзаслужниот за новиот триумф на ЦСКА, Курбанов додаде 13 поени, а Чачо Родригез 11.

кај Дарушафака со по 15 поени се истакнаа Мајкл Ерик и Стентон Кид, следени од МекКалум кој запиша еден кош помалку.

Иако Црногорците беа блиску до првата радост оваа сезона, Макаби Тел Авив во последниот период доминираше во Морача славејќи со 20:6.

Водеше Будуќност дури со девет поени разлика во текот на третата четвртина, но фантастичниот Скоти Вилбекин ја враќаше својата екипа во „живот", додека не го сврти мечот на стартот од последните 10. минути.

Токму Вилбекин беше херојот на Израелците со 28 поени, зад него во листата на стрелците беа Рол (12) и Терик Блек (10). На спротивната страна Едвин Џексон се истакна со 13 поени, по еден помалку Немања Гордиќ и Ален Омиќ.

ПАО убедливо со дури 102 постигнати поени го надигра тимот на Гран Канарија, најзаслужни за победата на Грците беа Лекавичиус и Ленгфорд со по 16 поени, а по 15 кај Шпанците имаа Еванс и Ериксон.

Евролига, 3. коло

Четврток, резултати:

ЦСКА Москва-Дарушафака 79:75
Будуќност-Макаби Тел Авив 68:78
Панатинаикос-Гран Канарија 102:87
Барселона-Баерн Минхен 83:73

Табела: ЦСКА Москва (3-0), Фенербахче (2-0), Олимпијакос (2-0), Реал Мадрид (2-0), Панатинаикос (2-1), Жалгирис Каунас (1-1), Анадолу Ефес (1-1), Олимпиа Милано (1-1)...

Најново во Кошарка