МАЛКУ НЕПОЗНАТИ

ЕВРОЛИГА: Останаа уште три места, конкурираат девет клубови

Познати се 13 тимови кои следната сезона ќе настапуваат во Евролигата, а за уште три места има тројно повеќе кандидати...

објавено: 30 мај 2018 - 20:15

Сигирно место имаат екипите со „А" лиценца, значи Реал Мадрид, Барселона, Басконија, ЦСКА, Панатинаикос, Олимпијакос, Олимпија Милано, Макаби од Тел Авив, Фенербахче, Анадолу Ефес, и Жалгирис. Како победник на Еврокупот, тука е и Дарушафака, а место чека и Будуќност, доколку ги исполни условите, како шампион на АБА лигата.

Едно место е резервирано за шампионот на ВТБ лигата, или финалистот, доколку лигата ја освои ЦСКА.
За прв пат во историјата, шампионот на ВТБ лигата ќе се добие преку „Фајнал-фор" турнир. А покрај „армејците", на истиот ќе настапат и екипите на Химки и на Зенит, односно победникот на серијата Уникс-Нижњи Новгород.

После неколку сезони, Бросе Баскет нема да ја претставува Германија во Евролигата, туку тоа ќе биде победникот од финалето на плеј-офот во кое ќе се сретнат берлинска Алба и минхенски Баерн.
Малку покомплицирана е ситуацијата во Шпанија.
Барселона губи во четвртфиналната серија со Андора, и може да остане без полуфинале. А за да се натпреваруваат во Евролигата, кошаркарите на Андора би требало да дојдат до самиот крај на плеј-офот, односно финалето.
Кандидати се и Валенсија и Гран Канарија, кои играат меѓу себе, и двете имаат предност во однос на Андора во случај сите три екипи да завршат во иста фаза од доигрувањето.

 

Најново во Кошарка