Во воведните средби од 18. коло на Евролигата

Ефес и Фенербахче немилосрдни на домашен терен

Турските тимови не дозволија изненадување на домашен терен. Ефес беше подобар од Химки, додека Фенер славеше над Жалгирис.

објавено: 10 јануари 2019 - 20:33

Кошаркарите на Анадолу Ефес и Фенербахче остварија победи пред своја публика во првите средби од 18. коло во евролигата. Одличната форма во која влезе Ефес продолжи и вечерва против Химки, овој пат пред своја публика. Домашните славеа со 81-72 со што ја обезбедија веќе и 12. победа оваа сезона, која ги остава во ТОП 4 на табелата.

Српскиот кошаркар Василие Мичиќ го предводеше Ефес до нова победа со 16 поени и 8 асистенции. Одлична игра прикажаа и Данстон, Андерсон и Моерман, кои постигнаа по 11 поени за турскиот состав. Кај Химки Џордан Мики со 14 поени заврши како најефикасен.

Вториот турски состав вечерва, екипата на Фенербахче, без поголеми проблеми извојува победа над екипата на Жалгирис so 78-61. По поразот од пред неколку дена во Русија од Химки, ова беше добра рехабилитација за момците на Обрадовиќ. Средбата као најефиксни ја завршија Слукас и Мелих со по 14 поени.  

Најново во Кошарка