КОМПЛЕТИРАНИ СЕ ПОЛУФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ ЗА Ф4

Дончиќ во стилот на Антиќ, но само од табла (ВИДЕО)

Реал Мадрид на крилата на Лука Дончиќ и неговата тројка „на една нога“ славеше на дуелот со Панатинаикос (89-82) за конечни 3-1. ЦСКА по 15. пат во последните 16 години ќе биде дел од фајнл-фор завршницата во Евролига. 

објавено: 28 април 2018 - 09:00

Реал Мадрид на крилата на Лука Дончиќ и неговата тројка „на една нога" славеше на дуелот со Панатинаикос (89-82) за конечни 3-1. ЦСКА по 15. пат во последните 16 години ќе биде дел од фајнл-фор завршницата во Евролига.

Синоќа потегот на мечот го имаше Дончиќ. Кошаркарот на Реал Мадрид во последната 1:20 до крајот при резултат 85:83 постигна тројка „на една нога“ од табла и го осигура патот на својот тим кон Белград. Тројката на младиот кошаркар потсети на една од мајсториите на Перо Антиќ кога играше во НБА-лига.

Евролига ги доби и двојките во полуфиналето: Бранителот на титулата Фенербахче ќе игра против Жалгирис, ЦСКА ќе бара финале против Реал Мадрид.

 

 

Најново во Кошарка