Има европска иднина за тимот од Подгорица

„Дачка" падна во „Морача"

Во 18 коло од Евролигата Будуќност беше за еден поен подобра од Дарушафака (75:74)...

објавено: 11 јануари 2019 - 21:41

После голема драма, после шест порази по ред, од турскиот претставник, во завршницата за инфаркт, подгоричани славеа минимална победа. А јунак на мечот во „Морача" беше Американецот Норис Кол, кој на четири секунди пред крајот, го даде победничкиот кош.

Претходно Картал Озмизрак ги погоди двете слободни фрлања на 11.секунди пред крајот, и ги донесе гостите од Истанбул во водство.
Будуќност можеше да го реши овој меч многу порано, затоа што во текот на последната четвртина имаше предност и од осум поени. Освен што го погоди последниот шут, Кол беше и втор стрелец во тимот со 17.поени (4/6 за три поени). Едвин Џексон постигна еден повеќе.
Со скор 4-14, Будуќност е на 15.место во Евролигата, додека „Дачка" останува на санмо два триумфи во 18 кола.
Нешто порано, Макаби од Тел Авив ја покори „црвената армија". Среде Москва, „Гордоста на Израел" славеше со убедливи (93:76), и на тој начин ја прекина традицијата на лоши игри и порази во главниот град на Русија.

Макаби не славел во Москва уште од оние нивни најдобри денови, односно од 2004 година, а немаа победа над „армејците" од 2014 година, кога за последен пат беа шампиони на Европа.

Најново во Кошарка