ПО ПОВОД 95-ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КЛУБОТ

ЦСКА доби свој воз во московското метро (Видео)

„Армејците“ се првиот клуб кој добил ваква чест

објавено: 31 јули 2018 - 09:30

Кошаркарскиот клуб ЦСКА доби свој воз во московското метро. Иницијативата е по повод 95-годишнината од формирањето на рускиот гигант и редовен учесник на Евролигата. Возот обоен во боите на ЦСКА (црвена, сина и бела) ќе се движи во метрото и сите жителите на рускиот главен град ќе може да се возат со него. Внатре возот е украсен со слики на бивши и сегашни играчи, както и со логоата на клубот од различни периоди.

Еве како изгледаше промоцијата:

Најново во Кошарка