ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЕВРОЛИГАТА УДРИ ПО СВЕТСКИТЕ БАСКЕТ ЛЕГЕНДИ

БЕРТОМЕУ: Дивац и Кириленко се големи лицемери

Во едно опширно интервју за руските медиуми, Жорди Бертомеу говореше за војната на релација Евролига-ФИБА, која трае доста долго.

објавено: 15 декември 2018 - 11:00

Шпанецот вели дека неговата организација е подготвена за преговори, но и тоа дека нема реакција од противничкиот табор.
Бертомеу се осврна и на постоечките квалификации за Мундобаскетот, во кои репрезентациите, односно најголем дел од нив, играат без кошаркарите од Евролигата и НБА лигата.

„Сакаме да најдеме решение за календарот, но никој од новото раководство од ФИБА сеуште не нè повикал на било каков разговор"- вели Бертомеу.

Објаснува некои работи кои се непознати за јавноста, онаа кошаркарската, пред се.

„Претставниците на Турција и на Литванија, Туркоглу и Сабонис се изјаснија против еден ваков систем на квалификации, додека Бауман го протурка овој систем, и не трпи приговори. Но ќе видиме каков ќе биде ставот на новото раководство на ФИБА".

Првиот човек на Евролигата „допре" и до легендите на европската кошарка, како што се Владе Дивац и Андреј Кириленко.

„Има многу лицемери, кои додека беа играчи, ги пропуштаа репрезентативните акции, а сега го застапуваат ставот дека тоа е недопустливо. Тука мислам на Кириленко и на Дивац. Не се сеќавам кога Дивац го пушти Богдановиќ од Сакраменто да игра за репрезентацијата. И Кириленко безброј пати ги пропушташе репрезентативните акции за да се одмори".

Бертомеу призна дека на некои клубови им било „прпогледано низ прсти" поради тоа што не работеле според препораките на Евролигата, особено во оној финансиски сегмент.

„Сакам клубовите да работат транспарентно. Да бидат стабилни, и да ги извршуваат своите обврски спроема даноците, но и играчите, тренерите. Имаше клубови кои ги почувствуваа последиците од финансискиот фер-плеј. Како на пример, Црвена Ѕвезда и Галатасарај, кои немаа право на доведување на играчи поради кршењето на правилникот на Евролигата" – открива Бертомеу.

Најново во Кошарка