ОДРЖАН ЖДРЕБОТ ЗА ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ

Здружението, а не МКФ, го врати Шкупи во Првата лига

Денеска, во просториите на Македонската кошаркарска федерација беше одржан ждребот за првото коло од претстојната натпреварувачка сезона во Првата лига-мажи која треба да започне на 6. октомври.

објавено: 26 септември 2018 - 12:53

Во натпреварувачката сезона 2018/2019 во ПЛМ ќе се натпреваруваат вкупно единаесет екипи (по едногласна одлука на Здружението на Прволигаши да го прифати барањето на КК Шкупи за играње во Првата лига и покрај задоцнетата уплата на котизација). Актуелниот шампион Работнички ќе ја брани петнаесеттата титула во домашното првенство против МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар, Куманово, Блокотехна, Пелистер, АВ Охрид, Кожув, Фени Индустри, Вардар и против Шкупи.

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО
АВ Охрид - Работнички
Блокотехна - МЗТ Скопје Аеродром
Пелистер - Фени Индустри
Гостивар - Кожув
Вардар - Куманово
Слободен прво коло - Шкупи

Најново во Кошарка