ДЕНЕСКА СТАРТУВА ВТОРОТО, СПОРЕД КВАЛИТЕТ, НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Втората лига со рекорден број на пријавени екипи!

Вкупно 25. екипи ќе бидат поделени географски,на источна односно западна конференција.

објавено: 13 октомври 2018 - 12:30

Една седмица по стартот на Првата лига, и официјално ќе почнат и натпреварите во втората, она помалку квалитетната, од која ќе се бараат новите прволигаши.

Ќе биде, би се рекло, револуционерна, особено ако се земе в предвид големата промена во системот за натпреварување во оваа конкуренција.
Затоа што МКФ одлучи да ја укине третата, па сите заинтересирани кошаркарски субјекти, оние сениорски, може(а) да испратат пријави за настап во посилната конкуренција.
И тоа прво во историјата, со вкупно 25. екипи, кои токму поради бројноста, се поделени во две натпреварувачки групи, Запад и Исток.
Во западната конференција ќе членуваат 12. екипи: Спортисимо, Тетекс, Партизан Мулти Шпед, ТНТ, Работнички, Хераклеа, Чаир 2030, Црн Дрим, Феникс 2001, Ангели, Гостивар, Спорт тим.
Во онаа Источната пак свои пријави испратија и добија играчки лиценци: ФМП Академија,. ТФТ, Куманово, Баскет Дино, Спарта, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи 2000, Крива Паланка, Баскет КАМ, Борец баскет, Милановски, Лирија 77 и Струмица.
Согласно со системот за натпреварување, ќе се играат по 22. кола во онаа прва фаза по која првопласираните четири од двете групи ќе формираат посебна лига во која ќе влезат осум екипи кои ќе се борат за местата кои водат во Првата лига за наредната натпреварувачка сезона.

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО
ЗАПАД
ДЕНЕСКА:
14.00: Спортисимо – Тетекс
Судии: Јанков-Данев-Ризов
17.00: Чаир 2030 - Црн Дрим
Судии: Антовски-Митев-Јакимовски
НЕДЕЛА:
11.00: Феникс 2001 – Ангели
Судии: Терзиевски-Крстевски-Червенка
13.00: Гостивар - Спорт тим
Судии: Стојчевски-Зафировски-Јакова
17.00: Работнички – Хераклеа
Судии: Ѓорески-Червенка-К.Филиповски
18.00: Партизан Мулти Шпед – ТНТ
Судии: Антовски-Митев-Ф.Филиповски

ИСТОК
ДЕНЕСКА:
17.00: Борец баскет – Милановски
Судии: Цветаноски-Зафировски-Ф.Филиповски
17.30: Баскет Дино – Спарта
Судии: Михајловиќ-Р.Мицев-Влахов
20.00: Лирија 77 - Струмица
Судии: Мијалковски-Митев-Јакимовски
НЕДЕЛА:
11.00: МЗТ Скопје А. - К. Соколи 2000
Судии: Феревски-Петровиќ-К.Филиповски
16.00: Крива Паланка - Баскет КАМ
Судии: П.Петровски-Јосковски-Д.Петровски
15.10 (ПОНЕДЕЛНИК):
20.00: ТФТ – Куманово
Судии: Давидов-Червенка-Деспотовски
ФМП Академија – слободен

 

Најново во Кошарка