КАКО ДЕЛ ОД ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ПОДОБРА КОШАРКА ВО МАКЕДОНИЈА

Втората лига со 16. клубови, ќе се игра и плеј-оф?

Третата лига ќе се „трансформира" во „младинска", во која право на настап би имале играчи родени до 1996 година, со одредени исклучоци...

објавено: 21 јуни 2018 - 16:30

Предлогот за сет на измени во функционирањето на македонската кошарка нема да важи само за онаа елитната – односно прволигашката.

Во МКФ размислуваат за сериозни измени и во системот за натпреварување во втората односно третата лига.
Откако се тргна со промените во Регистрацискиот правилник за настап на што е можно поголем број на домашни кошаркари (се предлага да има по три на терен за цело време од натпреварот, најавени се и промени во „изгледот" и функционирањето на оние лиги во пониските рангови на натпреварување.
Многу брзо, можеби во „пакет" со предложените измени во Регистрацискиот правилник, ќе се најдат и предлозите за промена на системот за натпреварување во втората, односно третата лига-мажи.
Иако сеуште во сферата на неофицијалното, предлогот е да се формира една втора лига, со 16. клубови учесници, која извесно е ќе биде поделен на два региони, источен и запад.
По истекот на првата фаза ќе се формира плеј-оф, односно плеј-аут лиги (по осум учесници), и најдобрите во овие рангови, ќе обезбедат пласман во погорните (првата лига).

Промени се најавени и во третата лига во која право на пријава ќе има за играчи родени 1996 година (и помлади), со одреден исклучок, дека ќе биде дозволено во секоја екипа да има и по двајца играчи над оваа возрасна категорија.
Тоа пак од друга страна ќе услови и укинување на младинската лига, односно М-20 категоријата од младинските лигина МКФ, и поставуавње на некои други возрасни категории во овие младински рангови на натпреварување.
Секако, сето ова треба да се прифати условно, затоа што допрва следува усвојување на предложените промени, се со една цел, подобро функционирање на работите во македонската клупска кошарка.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка