мкф одбра кои се најдобрите во 2018 година

Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!

Кошаркарските работници ширум Македонија ги дадоа своите предлози за најдобрите во спортот со портокаловата топка за 2018 година.

објавено: 18 декември 2018 - 14:49

Кошаркарските работници ширум Македонија ги дадоа своите предлози за најдобрите во спортот со портокаловата топка за 2018 година.

Признанијата ќе им бидат доделени на наградените на свеченоста во организација на МКФ  на 24. декември со почеток во 20.часот, во просториите на Сквер 21 (поранешно кино Вардар).

 

НАЈДОБРИТЕ ВО 2018 ГОДИНА ВО ИЗБОРОТ НА МКФ

Најдобар македонски кошаркар за 2018 година
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски
Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година
Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Бадел 1862
Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)
Струга 2009
Најдобра млада репрезентативна екипа
М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)
Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)
Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)
Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)
Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година
Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година
Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година
Игор Митровски

Најново во Кошарка