ГЕВГЕЛИЧАНИ СЕ ДОПОЛНИЈА НА ПОЗИЦИЈА „3"

Вилијамс е нов играч на Кожув

Девонта Вилијамс (193см.-1994 год.) е изборот на новиот тренер на тимот од Гевгелија Александар Јончевски за една од надворешните позиции во вториот дел од сезоната...

објавено: 17 јануари 2019 - 23:58

На само два дена пред продолжението на сезоната во нашата Прва лига, екипата на Кожув донесе уште едно засилување од страна, и тоа од САД.

Станува збор за Девонта Вилијамс.

Во овој прв дел од сезоната, Вилијамс беше дел од екипата на Спартак од Суботица. И беше еден од најдобрите играчи на српскиот прволигаш.

Одигра 15.мечеви, на кои во просек реализираше шо 17.5 поени, имаше и 3.3 скока и 2.5 асистенции за нецели 32.минути во просек. Реализираше со 32/4% за три, 50% за два поени и 75.9% од линијата за слободни фрлања.

Претходно, во оваа зимска пауза, клубот од Гевгелија го ангажира крилото Владимир Ивеља, а од странските кошаркари треберот Јончевски ќе смета на сонародникот на Вилијамс, плејмекерот Роберт Луис, како и искусниот Миладин Пековиќ.

Најново во Кошарка