ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИГРАЧИ СО ПОЗИТИВНА РЕАКЦИЈА

Важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари

„Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари"- потенцираат од Здружението.

објавено: 21 јуни 2018 - 11:30

Здружението на македонските кошаркарски играчи дава целосна подршка на плановите на МКФ за реализација на предлогот за намалување на бројот на странски кошаркари.

„Би сакале да изразиме целосна поддршка на финалниот предлог на МКФ во однос на намалувањето на бројот на странски играчи од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига".

Од Здружението потенцираат дека ова е важен чекор, но и дка федерацијата има уште работа.

„Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарка во целост.
Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Се надеваме дека ваквите промени ќе ги поттикнат прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок".

Најново во Кошарка