НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА, ЖЕЛБИТЕ НА ДЕЛ НЕ СЕ ОСТВАРИЈА

Управниот одбор одлучи: Работнички ќе игра во „Градски парк“, без промени во Првата лига

Управниот одбор на македонската кошаркарска федерација одлучи во корист на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. 

објавено: 27 март 2018 - 21:17

Управниот одбор на македонската кошаркарска федерација одлучи во корист на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Работнички натпреварите од  Суперлигата и плеј-офот, како домаќин, да ги игра во салата „Градски парк" во Скопје. Иако дури дел од раководството на МКФ јавно упати критики за салата на „црвено-белите“ на својата официјална страница, сепак правдата на крај е задоволена. 

Пред седницата првиот човек на клубот од Дебар маало потврди дека Работнички е подготвен да ги превземе сите мерки во овој финален дел од сезоната биде домаќин во салата во „Градски парк". Клубовите го подржаа тимот, на крајот и УО донесе одлука во корист на „црвено-белите“.

На овој состанок беше потврдено дека бројот на екипите во Првата лига нема да се менува, таа ќе брои 12 екипи. 

Најново во Кошарка