ТЕТЕКС ПАДНА ВО БИТОЛА, К.СОКОЛИ И ФМП АКАДЕМИЈА БЕЗ ГРЕШКА

Турканица на Западот...

Кошаркарите од Тетово загубија на гостувањето кај Хераклеа, и тоа убедливо (57:79), тоа го искористија екипата на Ангели која без проблеми го победи Спортисимо (117:51), па сега три екипи во Западната конференција имаат ист ефект (5-1).

објавено: 19 ноември 2018 - 17:15

Се поинтересни стануваат натпреварите во Втората лига.

Не толку според квалитетот отколку поради изедначеноста на лигата и тоа на двете страни, како на Истокот, така и на Западот...
Сепак, многу понеизвесно е во Западната конференција. Пред се затоа што по шест одиграни кола, три екипи се изедначија на делба на првата позиција.
Досегашниот лидер, екипата на Тетекс ТТК, загуби на гостувањето во Битола. Подобри од нив беа искусните кошаркари на Хераклеа, и тоа убедливо (79:57).

Тоа е петта победа за битолчани, со само еден пораз. Ефект каков што сега имаат тетовци, но и екипата на Ангели.
Драчевци беа сигурни на домашен терен против Спортисимо. Победија со повеќе од високи (117:51), па поради подобрата кош-разлика, се на позицијата број 1 на Западот, каде многу блиску се и екипите на Чаир 2030 која го доби дуелот со Работнички (68:62), и го стигна со ефектот (4-2).
На Истокот веќе се издвоија две екипи, и тоа со максимален ефект.
Карпош Соколи и ФМП Академија газат се пред себе, го потврдија тоа со двете ппбеди изразени со висока разлика.
„Соколите" го прегазија составот на Милановски (117:33), за уште подобар кош-количник, додека пак ФМП Академија го доби дерби-дуелот со сосема добриот тим на Борец Баскет (81:62).
По пет одиграни мечеви (во шест кола), скопските ривали се максимални со по пет триумфи.
Токму велешани и МЗТ Скопје се екипите кои се зад водечкиот двоец, имаат ефект од четири победи и два порази.
Б. Радуловиќ

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ
ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Куманово – Лирија 77 90:65
Дино Баскет – МЗТ Скопје 82:88
Академија ФМП – Борец Баскет 81:62
К. Соколи – Милановски 117:33
ТФТ – Крива Паланка 102:60
Баскет КАМ – слободна
Спарта - слободна

ТАБЕЛА
1.К. Соколи 5 5 0 457:257 10
2.Академија ФМП 5 5 0 433:348 10
3.Борец Баскет 6 4 2 483:379 10
4.МЗТ Скопје 6 4 2 503:443 10
5.ТФТ 5 3 2 413:348 8
6.Куманово 6 2 4 403:456 8
7.Дино Баскет 5 2 3 390:404 7
8.Спарта 5 2 3 418:442 7
9.К.Паланка 6 1 5 391:541 7
10.Баскет КАМ 4 2 2 300:277 6
11.Лирија 77 5 1 4 304:413 7
12.Милановски 4 0 4 219:406 4
ИДНО КОЛО (24.11)
К. Паланка – Дино Баскет
Борец Баскет – ТФТ
Лирија 77 – Академија ФМП
Милановски – Спарта
Баскет КАМ – К. Соколи
МЗТ Скопје – слободен

ЗАПАД
РЕЗУТАТИ 6. КОЛО
Феникс 2010 – ТНТ 74:84
Работнички – Чаир 2030 62:68
Хераклеа – Тетекс ТТК 79:57
Спорт Тим – Црн Дрим 80:90
Ангели – Спортисимо 117:51
Гостивар – Партизан МШ 70:94
ТАБЕЛА
1.Тетекс ТТК 6 5 1 445:407 11
2.Ангели 6 5 1 514:391 11
3. Хераклеа 6 5 1 444:407 11
4.Работнички 6 4 2 440:396 10
5.Чаир 2030 6 4 2 471:444 10
6.Партизан МШ 6 3 3 471:428 9
7.Црн Дрим 6 3 3 470:437 9
8.ТНТ 6 2 4 454:501 8
9.Феникс 2010 5 2 3 363:403 7
10.Спорт Тим 6 1 5 414:486 7
11.Гостивар 6 1 5 420:494 7
12.Спортисимо 6 1 5 377:479 7
ИДНО КОЛО (24.11)
Спортисимо – Работнички
Партизан МШ – Феникс 2010
Чаир 2030 – Гостивар
Тетекс ТТК – Ангели
ТНТ - Спорт Тим
Црн Дрим - Хераклеа

Најново во Кошарка