МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МАКЕДОНИЈА

Талентираниот Тодоровски од МЗТ на позајмица во Куманово

Леонид Тодоровски (20 год., 207 см), сезоната ќе ја доигра во дресот на Куманово, каде што ќе биде на своевидна позајмица од МЗТ Скопје Аеродром со цел да продолжи адекватно да го развива својот талент.

објавено: 11 јануари 2019 - 15:30

По завршувањето на обврските кај кумановци, тој повторно ќе се врати во редовите на „металците" со кои има договорна обврска за наредните две сезони (2019/20 и 2020/21).

Станува збор за центар кој уште минатата сезона сериозно се наметна за работа со првиот тим, а за кого луѓето од клубот проценија дека ќе биде подобро привремено да продолжи во друг прволигаш, каде што секако би добил далеку поголема минутажа со оглед на исклучително силната конкуренција меѓу високите играчи во моментов во МЗТ Скопје Аеродром, особено по доаѓањето на Предраг Самарџиски.

Тодоровски сезонава на два меча доби шанса за настап во АБА2-лигата и тоа против Хелиос и Борац, а минатата сезона дебитираше и во најсилното регионално натпреварување и тоа на гостувањето кај Будуќност.

Најново во Кошарка