СОРАБОТКАТА Е ОБНОВЕНА, НА ДВОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО

Србиноски и Гостивар продолжуваат заедно

И во следната сезона Марјан Србиноски ќе го предводи гостиварскиот прволигаш

објавено: 11 јули 2018 - 16:02

После извесен период на пауза, раководството на Гостивар полека почна да се подготвува за новата сезона. За таа цел, клубот и официјално денеска ја продолжи соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Марјан Србиноски.

„Започнуваме со работа од кормилото на екипата како најважна позиција. Имаме голема доверба во Марјан Србиноски, и со големо задоволство сакаме да ги известиме нашите навивачи дека ја продолжуваме соработката со нашиот тренер. Ова е само почеток, во периодот кој доаѓа ќе ги најавиме плановите, тимот и новите засилувања, се со цел да имаме поуспешна сезона од минатата" – потврди тим-менаџерот на Гостивар, Бали Саити.

И Србиноски е задоволен од тоа што двете страни се, односно останаа на иста „бранова должина".

„Имавме добар кам-бек во Првата лига минатата сезона. Не би сакал да застанеме тука. Ја прифатив понудата да бидам тука бидејќи верувам дека заедно со управата и верната гостиварска публика можеме да постигнеме многу повеќе. Гостивар заслужува да има квалитетна кошарка. Се надевам дека се ќе се одвива според планираното и оваа сезона која е пред нас ќе имаме конкурентен тим за поголеми достигнувања" – потенцираше Србиноски.

Најново во Кошарка