ВТОРОЛИГАШКА ПРОМОЦИЈА

Спорт Тим и Партизан Мулти Шпед во Втората лига

Двете екипи ја завршија тековната сезона во Третата лига со идентичен број на поени. Поради подобар 'скор' во меѓусебните дуели, првото место им припадна на кошаркарите од Спорт Тим Неготино...

објавено: 30 април 2018 - 16:35

Екипите на Спорт Тим Неготино и на Партизан Мулти Шпед (Водно Санс) од идната сезона (2018/2019) ќе се натпреваруваат во Втората лига. Двете екипи ја завршија тековната сезона во Третата лига со идентичен број на поени (32) од вкупно 18 одиграни натпревари.

Поради подобар 'скор' во меѓусебните дуели, првото место им припадна на кошаркарите од Спорт Тим Неготино (Партизан МШ – Спорт Тим 72-67; Спорт Тим – Партизан МШ 82-66).

Двете екипи запишаа по четиринаесет победи и по само четири пораза.

Интересно е, што и двата клуба тековната сезона е премиерна во сениорските лиги на Република Македонија.

Во првата година од натпреварувањето во сениорски лиги, Спорт Тим од Неготино успеа да го надмине најнискиот степен на натпреварување во машката сениорска конкуренција додека по долги години натпреварување само во младинските лиги, раководството на Партизан Мулти Шпед одлучи да се натпреварува и во сениорските лиги.

Најново во Кошарка