ШАМПИОНОТ ГО ПРЕГАЗИ" И КОЖУВ

Силите на гевгеличани – едно полувреме

По релативно израмнетото прво полувреме (50:46), скопските „црвено-бели" притиснаа во второто и обезбедија трета победа во новата сезона (102:75).

објавено: 20 октомври 2018 - 19:52

Шампионот гази се пред себе. Трето коло, трета победа за тимот од „Градски парк".

Кожув се бранеше, имаше сили само за едно полувреме, она првото, секако..
На крајот, се некако си дојде на своето место...
Работнички – Кожув 102:75 (25-18; 25-28; 27-17; 25-12)
Најавите дека Кожув може да му парира на шампионот се покажаа како точни. Но тоа се однесува само на првиот дел од играта во кој Работнички никако не успеа да се одвои на некоја висока разлика. Навистина „црвено-белите" имаа плус 7 (27:18) по првата четвртина, но во онаа наредната гевгелиќани покажаа дека нема да се предадат така лесно, напротив.
Имаше домашната екипа и (39:31) на половина од втората четвртина. Но успеди серијата на Кожув. Прво за израмнување (41:41), а потоа и водство (43:42)
И само тројката на одличниот Костов (19. поени во полувремето), го врати Работнички на колку-толку пристојни (50:46) на одморот.

Серијата од (9-2) во уводните минути од третиот период, го донесе Работнички на двоцифрена разлика (59:48).
Повратникот во тимот, Мираковски го диктираше ритмот, и со 15.поени, заедно со Николовски и Костов беше креаторот на највисоката разлика (68:53).
Интересно, Докузовски користеше само седум играчи, односно само Николовски и Ефремоски влегоа од клупата за резерви. Но „здодевните" гости со шест поени по ред, повторно дојдоа на „едноцифрен" минус, (59:68). За кратко, затоа што домашната екипа дојде и до (77:63) по три четвртини.
„Падот" на гевгеличани уследи на почетокот на последната, кога Работнички парцијално, направи и (17-8) доволно за неповратни за Кожув, (94:71).
Костов броеше до 29 а Николовски до бројот 26 кај Работнички, додека пак во гостинската екипа Радуловиќ имаше 15, Штерјов 11, а Пековиќ 10.поени.

Најново во Кошарка