ПРВО ВЕЧНО ДЕРБИ ВО СЕЗОНАТА

Работнички одличен „пет"

Нема послатка победа од онаа во големото дебри на македонската кошарка. Па уште и тоа што го чува беспрекорниот прволигашки ефект: пет – мечеви – пет победи. Работнички водеше скоро во целиот тек на мечот во СЦ „Јане Сандански", на крајот дојде наградата, големата победа над вечниот опонент – МЗТ Скопје (90:88)

објавено: 12 ноември 2018 - 22:08

Нема послатка победа од онаа во големото дебри на македонската кошарка. Па уште и тоа што го чува беспрекорниот прволигашки ефект: пет – мечеви – пет победи. Работнички водеше скоро во целиот тек на мечот во СЦ „Јане Сандански", на крајот дојде наградата, големата победа над вечниот опонент – МЗТ Скопје (89:88)

МЗТ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 88:90 (21-23; 23-25; 23-20; 21-22)
Многу помирно почнаа гостите од „Градски парк". Играат доста потрпеливо од противникот. Мирно ги градеа акциите момците на Марин Докузовски и уште во раната фаза., по пет минути, се одвоија на високи (14:5).
Тогаш всушност и почна онаа вистинска битка на дербито во СЦ „Јане Сандански"...Се поклопи со влегувањето на навивачката група на Работнички во салата.

Познатата „кореографија" даде знак за уште подобра кошарка на дерби дуелот, последен од 6. прволигашко коло.
Минути во кои МЗТ Скопје преку резервистот на овој меч, Бојиќ (шест поени), фати и играчки и резултатски приклучок, прво за (18:20), потоа и (21:22).
Магдевски донесе израмнување (23:23), прво на мечот.

Сепак, евидентно беше дека во ваква поставеност, со повеќе домашни играчи на теренот, Работнички се снаоѓа доста подобро, макар и со една ограничена ротација во која има седум „употребливи играчи", барем толку користеше тренерот Докузовски во првото полувреме. Од нив само еден странец, стандардно, Чавдар Костов во првите пет.
Уште еднаш „црвено-белите" побегнаа, во 13.минута, сега на (32:25). Но за кратко, затоа што Медфорд (со три поени) и Бојиќ (со неговиот 14.поен) вратија на (32:34), па на (35:38).
Сепак, премногу индивидуалност беше видлива во играта на популарните „металци", што не беше случај на другата страна од игралиштето. Работнички ја играше својата игра, со доста додавања, и креирање на доста „отворени ситуации" кои во поголем дел беа и реализирани, за што сведок беше и резултатот (45:38). Поентерски предначеа, со по 12 реализации, Јанески и Костов.

МЗТ Скопје постојано ја бркаше резултатската негатива. Но никако момците на тренерот Ѓорѓи Кочов не постигнаа некоја стабилност во играта и концепт за комбинираната зонска поставеност во дефанзивата на противникот.
Во такви рамки беше закружено и првото полувреме
МЗТ Скопје – Работнички (44:48).
Или 20 минути во кои странските кошаркари на МЗТ Скопје (без Иванов) искомбинираа 33, од оние крајни 44. поени, а единствениот странец на другата страна, Чавдар Костов застана на бројката 15.
Работнички сосема коректно за три поени (43%), МЗТ Скопје очајно – 18% на реализација.
Двете екипи заедно само три загубени топки, за подигнување на квалитетот на играта.

МЗТ Скопје правеше напори, и на крајот, со тројката на Вудард, во 26.минута уште еднаш стигна до егал резултат (58:58). Но Работнички не попушташе. Напротив, одлично шутираа гостите, пред се за три поени. Точни беа Караџовски и Јанески, па одново Работнички побегна, сега на (64:58). Третата тројка во серија (повторно Јанески) го натера Кочов на тајм-аут.
Противникот имаше највисоки (67:59), а Јанески веќе 28.поени
Но уште еднаш МЗТ фати приклучок. По тројката, прва на Симоновски, домаќинот на дербито дојде на минус еден (67:68), резултат со кој се тргна во последниот дел од играта.

Забивањето на Младеновски го донесе првото водство за МЗТ Скопје (70:69) по она почетното (2:0).
МЗТ Скопје се врати дефинитивно со тројките (три) на Симоновски (76:75), и го натера Докузовски да реагира со минута одмор, најмногу за нелогичните, избрзани потези на најмладиот на теренот - Стајиќ.
Се запалија шутерите на двете страни. Секоја втора акција завршуваше со точен шут за три поени.
Точен беше и обидот на Мираковски за (89:86) со кои почна последната минута од дербито.
МЗТ Скопје доби 15 секунди да ја стигне таа наизглед мала разлика. Стојановски ги погоди двете слободни фрлања. Но и Мираковски даде едно, доволно за конечен резултат. Прв пораз на МЗТ Скопје во сезоната на домашен терен. петта победа на Работнички во првенството.

 

 

 МЗТ, сепак, без Иванов, прво вечно дерби за Медфорд и за Вудард
Иако беше најавувано дека постои можност, сепак, тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов не можеше да смета на услугите на Иве Иванов.
Искусниот крилен кошаркар беше во тимот, но не доби простор да заигра и да дебитира во вечното дерби како еден од странските кошаркари.


Па така својот прв настап во вечната пресметка на двете скопски екипи добија Американците Лестер Медфорд и Џејмс Вудард, секако новите имиња на вицепрвакот во оваа сезона.

Најново во Кошарка