Уште еден триумф во контролите за гостиварци

Пукна и „стотка" во Гостивар

Во натпревар во кој многу малку се мислеше на одбраните, Гостивар беше за четири поени подобар од Фени Индустри (100:96).

објавено: 22 септември 2018 - 16:15

Нема многу време за одмор за прволигашите. Стартот на сезоната се приближува, со тоа се забрзува и оној „процес" на подготовките кој влегува во завршната фаза, во која најголемо внимание им се посветува на контролните натпревари.

Еден таков одиграа екипите на Гостивар и на Фени Индустри.
На крајот, на проверката во гостиварски „Младост", славеше домашната екипа со резултат (100:96).
Практично двата ривали си поделија по две четвртини. Гостиварци ја добија првата и последната, решавачката, кавадарчани пак оние другите две.


На крајот, во натпревар „полн со кошеви", во кој многу малку двете екипи мислеа на одбраната. тесна победа за Гостивар. Во најголема мерка по заслуга на доста ефикасната, и прецизна игра на Димчевски (25), Фурстингер (24), Тасовски (19), и Зекири (13).

На другата страна кавадарчани одговараа преку Фандербурк (23), Пајиќ (20), и Елиот (19.поени).

Гостивар – Фени Индустри 100:96 (27-12; 22-31; 22-35; 29-18)
ГОСТИВАР: Димитриевски 2, Фурстингер 24, Шегариќ 3, Костоски 9, Ро. Димитриески 5, Тасовски 19, Димчевски 25, Зекири 13, Шалев;
ФЕНИ ИНДУСТРИ: Мелов, Петровски 9, Коцев 2 , Сапунџиев 5, Пајиќ 20, Милков 13, Елиот 19, Фандербурк 23, Милер 5, Кицев, Златев;

Најново во Кошарка