БЛОКОТЕХНА СО СТОНАСТОТЕН ЕФЕКТ

Пелистер – премногу лесен за качување

Колидерот во домашниот шампинат, стигна до уште една убедлива победа (97:69).

објавено: 20 октомври 2018 - 20:16

Во овој момент Пелистер е далеку од конкурентен тим за оној од Негорски бањи
Блокотехна – Пелистер 97:69 (29-15; 24-16; 24-16; 17-22; 20-22)
Многу работи во Негорски Бањи беа решени уште во првата четвртина, онаа првата. Стартната петорка го наполни кошот на „пелистерци" за десет минути Гаидус, Мијатовиќ, Николиќ, Главчев и Младеновиќ направија (29-15), разлика која дополнително ја зголемија и на полувремето имаа веќе високи (53:31).
Литванецот веќе имаше 17. поени, скоро како половина од составот на Пелистер, а тие нецели 17.минути ги одигра без грешка. Ги реализираше сите седум обиди од поле ( и еден од линијата за слободни фрлања). Му парираше Белер со 12. реализации кај „зелено-белите". Но без вистинска подршка од другите.
Второто полувреме беше чиста формалност – што се вели , колку да се одигра. И во тие 20.минути Блокотехна не попушти, посебно во третата четвртина, кога онаа предност од полувремето беше покачена за уште осум поени, за „рамен плус" од 30. поени , (77:47).
Откако ја заврши својата работа во првото полувреме, Гаидус седна на клупата, а неговото „дело" го продолжија Мпаденовиќ (15.поени), Цветковски (14), Мијатовиќ (13) и Николиќ (10. поени).
Освен Белер кој финишираше со 21.поен, уште 17 кај Пелистер постигна Трсунов.

Најново во Кошарка