НОВО САМОВОЛИЕ НА МКФ

ПАВЛОВСКИ: Ова е апсурд, кој и како издава тренерски лиценци?!

„Сето ова е направено без никаков акт на изградени критериуми за добивање тренерски лиценци,ми беше кажано дека се во фаза на изработка, ако е така врз основа на што не им се издадени тренерски лиценци, чие издавање е исклучиво во надлежност на Тренерската организација, а не на Тренерската комисија"- потенцира претседателот на Бадел 1862.

објавено: 20 октомври 2018 - 18:00

Првиот човек на Бадел 1862 , Љупчо Павловски го потенцира новото самоволие на МКФ, сега во делот на издавање на тренерски лиценци.

„За првпат, оваа година не се издаваат лиценци на тренери со долгогодишно тренерско искуства (дури и до 30 години тренерско искуство), кои имаат остварено завидни резултати во својата работа (освоени титули во сениорски лиги,освоени КУП титули,младински првенства,продуцирани многу репрезентативки во сите селекции,обавувале селекторски и менторски функции, кои посетиле десетици едукативни семинари),во оваа натпреварувачка сезона не добија тренерски лиценци,од причини што не биле присутни на првиот едукативен семинар,или немаат завршено Факултет за физичка култура, Виша тренерска или запишана втора година на Факултет за физичка култура"- потсетува Павловски.

Вели дека сето ова е направено без некоја правна основа...

„Сето ова е направено без никаков акт на изградени критериуми за добивање тренерски лиценци,ми беше кажано дека се во фаза на изработка, ако е така врз основа на што не им се издадени тренерски лиценци,чие издавање е исклучиво во надлежност на Тренерската организација, а не на Тренерската комисија (која си ги превзема сите ингеренции,од наплата на финансиски средства од тренерски лиценци,издавање на тренерски лиценци,едукации...), согласно член 31 од Регистрацискиот правилник.

Тој вели вака:

(1)Регистрирање на кошаркарските тренери врши Регистрациската кмисија на МКФ.

(2)Кошаркарските тренери може да ја извршуваат својата должност ако поседуваат лиценца за соодветната категорија на натпреварување во системот на натпреварување на МКФ.

(3)Лиценците за вршење на тренерска должност ги издава Здружението на кошаркарските тренери на МКФ, врз основа на утврдени критериуми и договор за регулирање на меѓусебните права и обврски на релација тренер-клуб на пропишан образец.

По сето ова Павловски вели дека се движиме кон една многу апсурдна ситуација...

„Со оваа апсурдна состојба, студент со запишана втора година на Факултет за физичка култура и присуство на првиот семинар може да се стекне со тренерска лиценца, а тренер со долгогодишно
искуство и евидентни резултати (повеќе кратно прогласувани за најдобри кошаркарски тренери во Р.Македонија) не можат да бидат лиценцирани".

Не треба да се заборави ниту оној финансиски аспект од приказната...

„Се согласувам дека ни е неопходно да имаме едуцирани тренери. Дека не би требало било кој да биде тренер, особено не во младите категории. Но би требало да се направат јасно изградени критериуми,старосни граници, но не сакам да помислам дека се работи за некоја тезга, за само прибирање на финансиски средства (затоа што еден семинар чини 100 евра,се предвидуваат три семинари,тоа се вкупно 300 евра,по бројот на тренери,што на крајот кога ќе се соберат тие средства, е значителен износ. И ако се придодадат и средствата од издавањето на лиценците во зависност од категоријата (6.000,4.000 и 3.000 денари),тоа е позамашен износ на финансиски средства.
Се доведуваме во апсурдна и смешна состојба која не приличи на МКФ и кошаркарскиот спорт, долгогодишни тренери да се регистрираат како играчи(на 59 години),да бидат технички раководители и слично... Мора под итно да се превземат конкретни активности како би се надминала оваа непримерена состојба во делот на лиценцирање на тренери"- смета Павловски.

Најново во Кошарка