ФИНАЛЕН ТУРНИР ВО М-16 МЛАДИНСКАТА ЛИГА

Партизан го турна Вардар од тронот, за златните медали со Феникс 2010!

Младинската лига за играчи „Под 16" години ќе има нов шампион. Оној стариот, екипата на Вардар, застана во полуфиналето од завршниот турнир, и тоа на домашен терен во салата „Под Кале".

објавено: 6 јуни 2018 - 20:05

Младинската лига за играчи „Под 16" години ќе има нов шампион. Ониој стариот, екипата на Вардар, застана во полуфиналето од завршниот турнир, и тоа на домашен терен во салата „Под Кале".
Подобри од нив беа големите ривали, кадетите на Партизан Мултишпед, кои со подобра игра во текот на целиот натпревар, особено во второто полувреме стигнаа до голем триумф (87:74), и место во финалето.
А таму избраниците на тренерот Тони Симиќ за противник ќе ја имаат најдобрата екипа од регуларниот дел од сезоната – Феникс 2010.


„Фениксовци" ја оправдаа улогата на фаворит, и во дуелот со МЗТ Скопје славеа рутинска победа (74:58).
Па по освоената тиула во М-15, четата на Денис Дервишевиќ, утре попладне од 17.часот, ќе има шанса да ја „репризира" и со една година постарата генерација на млади играчи-2002.
Дуелот помеѓу црно-белите" и "црвено-црните" покажа дека фаворитите не победуваат секогаш, дека до успехот се стигнува со голема пожртвуваност, борба за секоја топка, секако и квалитетна игра.

И дека препотентниот пристап и кон овој финален турнир, особено од шефот на стручниот штаб и актуелен селектор на кадетската репрезентација, го однесе веројатно и најквалитетниот, според бројот на репрезентативци, клуб, кон пропаст, односно блиску до дното на реката, синоним за клубот со голема традиција, кој запиша уште едно разочарување.
Како и да е, и повеќе од заслужено, за титулата ќе се борат Партизан Мулти шпед и Феникс 2010.
Утехата, односно бронзените медали ќе ја побараат токму Вардар и МЗТ Скопје, во мечот кој е предвиден за утре попладне од 15. часот.
Финален турнир м-16-мажи
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Феникс 2010 – МЗТ Скопје 74:58
Вардар – Партизан Мулти шпед 74:87
УТРЕ:
15.00: МЗТ Скопје – Вардар (за трето место)
17.00: Феникс 2010 – Партизан Мулти шпед (финале)

Најново во Кошарка