Поради лимитиран број

Нема карти во официјална продажба за мечот број 3!?

објавено: 24 мај 2018 - 20:55

Оние кои ќе сакаат „во живо“ да го проследат третиот натпревар од финалеот на плеј-офот, кој утре веер од 20. часот ќе го играта Работнички и МЗТ Скопје, ќе мора да се снаоѓаат како што знаат и умеат. 

Пред се тоа се однесува за гостинските навивачи, кои ги немаше и на првиот меч одигран пред неколку дена во „Градски Парк“'. 

Во известувањето кое е поставено на веб-страницата на КК Работнички се вели:

Карти за утрешниот трет натпревар од финалето поради лимитиран број нема да има во официјална продажба. Сите оние што сакаат да ги бодрат црвено-белите и да дојдат до билет, ќе мора да остават име и презиме, телефон за контакт и број на потребни влезници во инбокс, на оваа фан страница и истите ќе можат да ги подигнат до 19:30ч. пред салата Градски Парк. Резервациите на картите ќе се примаат до 18:30ч.

Инаку, цената на билетите ќе ја одредите Вие, затоа што пред нашиот кошаркарски храм ќе има поставено кутии за донации и секој, се разбира, според сопствените можности, ќе може да донира, а собраните средства ќе одат во хуманитарни цели, за помош на Филип.

Единствени до титула.
Единствени во хуманоста.

Најново во Кошарка